Се враќа маж дома, мртов уморен после работа, седнува на каучот пред телевизорот и и вика на жена си:
- Жено, ај ако сакаш едно пиво додека не почнало.
Жената веднаш му носи пиво. По 15 минути, мажот пак:
- Жено, уште едно, додека не почнало.
Жената без коментар му носи уште едно пиво. По 10 минути мажот повторно:
- Жено, ај ако сакаш уште едно пиво, само што не почнало.
Жената носи пиво и почнува на цел глас:
- Добро бе, ова ли ќе правиш цел ден, ќе седиш пред телевизор, ќе пиеш пиво. Ти не си ништо повеќе од пијаница, мрзлив, никаков....... а мажот коментира:
- Ете, почна...