Трпе и Гоце се враќаат дома од кафана, ама одлучуваат да одат по краткиот пат, преку гробишта. Само што влегле на гробишта, слушаат тие силно удирање. Се преплашуваат и двајцата, па ѕиркаат лево, десно да видат од каде доаѓа тропањето. Кога, ете го позади една грмушка човек со чекан и длето удира по една надгробна плоча. На двајцава и олеснува, а Трпе проговорува:
- "Господи, колку не исплаши, мислевме дека си некој дух! Па, добро бе човеку, што правиш волку касно на гробишта?"
Човеков одговара:
- "Будалите ми го згрешиле името!"
dzenina
18.01.2009 13:52:04